Оливер Ивановиќ погребан во Белград
Во Белград денеска беше погребан Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Тој беше убиен на 16 јануари во Северна Митровица, под се уште неразјаснети околности. На погребот освен роднините и пријателите на Ивановиќ, присуствуваа и членови на Владата на Србија и лидери на дел од опозициските партии.
Косовска полиција понуди награда од 10 илајди евра за информации поврзани со убиството на Ивановиќ. Неговото убиство наиде на бројни осуди од косовската и од српската влада, од меѓународните институции присутни на Косово и од европски власти.