Осумдесет и три проценти од Грците оценуваат дека рецесијата ќе продолжи и оваа година, покажуваат податоците на компанијата „Нилсен“, која ги проучува потребите на потрошувачите.
Истражувањето што е спроведено во 63 земји во светот, покажало дека во Грција жителите имаат највисоки очекувања во однос на рецесијата.
Во извештајот од истражувањето на „Нилсен“ се посочува и друг рекорд за Грција меѓу земјите во Европската унија, поврзан со неизвесност на пазарот на трудот. Односно, тројца на секои 10 Грци се плашат за сигурноста на нивното работно место.
Исто така, жителите на Грција стравуваат и од нивните неподмирени долгови кон банките и државата. Загрижени за неплатените долгови се седум од десет Грци.
Имено 30 отсто од нив се повеќе ги намалуваат нивните давачки, а 28 проценти се плашат од растечкото кратење на нивните расходи.
Се проценува дека, стресот меѓу граѓаните во Грција е значително зголемен од 2013 година досега.
При истражувањето, 70 отсто од Грците посочите дека купуваат евтини производи, 71 од нив истакнале дека ги укинале сите средства кои претходно ги трошеле надвор од нивниот дом, како и дека 63 проценти од Грците ги намалиле нивните расходи за облека.