Столтенберг се сретна и со Катица Јанева
Генералниот секретар на НАТО Јенс Стoлтенберг се сретнал и со специјалната обвинителка Катица Јанева, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Разговорот на Столтенберг со Јанева се случил по неговото обраќање пред пратениците во Собранието, непосредно пред да замине во Владата на официјалната церемонија и средба со премиерот Зоран Заев.
За состанокот на Столтенберг и Јанева јавноста не беше известена. Не е познато за што разговарале.
Од Специјалното јавно обвинителство ја потврдија оваа информација, но до враќањето на специјалната обвинителка од средбата, како што ни рекоа оттаму, во институцијата никој нема информации за што се разговарало.
Превземено:САКАМДАКАЖАМ.МК.