Ветерот сруши улична светилка на протестот против НАТО

Ветерот сруши улична светилка на протестот против НАТО

Силниот ветер сруши улична светилка пред Собранието, додека во непосредна близина се одржува протест против НАТО, со десетина собрани граѓани.

Демонстраните, меѓу кои и пратеничката Солза Грчева и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ денеска протестираат пред Собранието, каде пред пратениците обраќање имаше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Собраните граѓани имаат истакнато транспаренти на кои пишува „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“…

Претходно, пратеничката Солза Грчева, преку Фејсбук, повика на протест за, како што пишува „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.

Мирниот протест го обезбедуваат полицајци.

 

Треба да знаете
Последни објави