Ужас во Русија: Тинејџер со секира искасапи 6 ученици, потоа го запали училиштето

Ужас во Русија: Тинејџер со секира искасапи 6 ученици, потоа го запали училиштето

Во напад во училиштето во село Соснови Бор во руската република Бурјатија утрово се ранети шест деца и жена, а истражителите соопштија дека тинејџерот кој ги нападна ученциите со секира делувал самостојно и се наоѓа во болница откако се обидел да се самоубие.

-Ранети се седум деца: шест ученици и жена, рече во руската агенција шефот на Регионалниот центар за лекарска помош во вонредни ситуации во Бурјатија Вјачеслав Тимкин.

Се наведува, според првичните информации, дека ученик во 9. одделение во тоа училиште со секира нападнал ученици и потоа го запалил училиштето со помош на запалена боца.

Според истрагата, утврдено е дека напаѓачот делувал самостојно. Тој е притворен и моментално се наоѓа во болница, бидејќи се обидел да изврши самоубиство, изјави претставничката на Истражниот комитет на Русија Светлана Петренко.
 
 
 

 

Треба да знаете
Последни објави