„Пифтијада“ во Гази Баба, парите ќе се донираат на Клиника за детски болести
Храна, песни и ора. Вака денеска прославија жителите на Гази Баба, на хуманитарната манифестација позната како “Пифтијада“.
За граѓаните на оваа општина, оваа манифестација е можност за средба и да се прослави заедно.
Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски вели дека оваа манифестација претставува продолжување на 10 годишната традиција. Мотивот е од хуманитарна природа.
Георгиевски вели дека собраните пари ќе бидат донирани на детската клиника во Скопје.
Оваа прослава се организира на празникот Водици, а типична храна која се дели за време на прославата е традиционалната пифтија.