Денеска во Скопје против законот за јазиците ќе протестираат Тврдокорните и МОС
Македонски обединети сили (МОС), „Тврдокорни“ и уште неколку здруженија денеска во 13 часот пред Собранието на Република Македонија организираат „Протест против двојазничноста и албанизација на Македонија“.
Во повикот ова здружение на граѓани вели дека законот за двојазичноста ќе има долготрајни и несогледливи последици врз нашата татковина, дека двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата, уривање на асномските темели и де факто губење и на самата држава.
„Со двојазичноста де факто стануваме трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на македонскиот народ. Двојазичноста треба, мора и ќе ја спречиме по секоја цена. Нема да дозволиме да се изгуби македонскиот карактер на државата… Тој закон претставува продолжение на окупацијата од Втората светска војна, како и продолжение на проектот на Адолф Хитлер за создавање на голема албанска држава, се вели во повикот.