„Оној што ќе го даде името Македонија, ќе биде национален предавник“ – порака од протестот во Солун против името

„Оној што ќе го даде името Македонија, ќе биде национален предавник“ – порака од протестот во Солун против името

„Македонија била и ќе биде грчка”, „Тргнете ги рацете од Македонија”, „Името е нашата душа”… со овие пароли во тек е протестот во Солун по повод актуелните разговори за името за кои се бара терминот „Македонија” да не биде дел од името на нивниот северен сосед. Повеќе од 30 лјади Грци се собраа во центарот на Солун на протест за „одбрана на името”.

Во тек се обраќања на претставници на здруженијата, организатори на митингот.

Главната порака на сите говорници е: „Македонија е грчка. Оној што ќе го даде името Македонија, ќе биде национален предавник“. Забележливо е присуството на високи претставници на грчката црква на бината. Протестот е поддржан од митрополити од Северна Грција, а свое обраќање имаше и солунскиот митрополит Антимос.

 

На другиот крај од градот, левичарски и анархистички организации одржуваат контра протест, но одѕивот за овој протест е многу мал. Пораките на овој протест се „против секаков национализам, наша татковина е целата земја“ и „ни капка крв за имиња и меѓудржавни конфликти“.

Грчки медиуми јавуваат за помали инциденти кога анархисти, со шишиња и камења нападнале група демонстранти кои со грчки знамиња се упатувале кон протестот.

Треба да знаете
Последни објави