Приведен разбојникот од Дебреше по бегството од КПУ Тетово
И.Џ. (24) од село Дебреше, Гостиварско, за кого претходно беше распишан централен распис поради бегство од КПУ Тетово, е приведен од полицијата по претрес во куќа на улицата Методија Андонски во Гостивар.
Како што соопшти МВР, И.Џ. се товари дека сторил 75 кривични дела: 51 тешка кражба, 18 тешки кражби во обид, пет одземања на возило и една кражба.
Кривичните дела И.Џ. ги правел на подрачјето на Гостивар, Тетово, Струга, Охрид, Кичево, Ресен и Битола.
При претресот, кај него е пронајден и одземен пиштол „форјас таурус“ со калибар девет милиметри, шест куршуми во рамка и еден во цевката. Констатирано е дека запленетото оружје потекнува од тешка кражба во продавница во Тетово извршена на трети јануари годинава. Исто така, пронајдено е и патничко возило „ауди“ кое приведениот го одзел во Струга, а пронајдени се и алат, фантомка и други предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од други кривични дела.
По приведувањето на И.Џ., извршен е разговор со него, при што тој ги признал делата и објаснил како ги сторил. Извршено е и препознавање од страна на оштетен, информира МВР.