Убиство на „Дижонска“, жена убила жена
Синоќа во скопската населба Чаир на улицата „Дижонска“ жена била убиена од друга жена. Според ТВ Шења, вчера на местото дошла жена од Тетово, која нападнала друга жена со секира. Нападнатата потоа со нож ја убила жената од Тетово.
Таа била испратена со возило за брза помош во болница, но им подлегнала на повредите. Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излеголе на местото на настанот за да го истражат случајот. Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството во Дижонска.