Детали од убиството во Чаир
На 20.01.2018 година во 22,50 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходна таа го нападнала со стап. Во 23,13 часот, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица.
Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Видео: шења.тв
https://www.youtube.com/watch?v=n-aok11PCzA