Ед Ширан се вери со девојката од детството: “Ние сме многу среќни и вљубени”!

 

26 годишниот музичар Ед Ширан сподели прекрасна фотографија со уште поубава порака. Тој објави дека потајно се верил со својата долгогодишна девојка Шери Сиборн. Парот се верил при крајот на минатата година, но вестите ги чувале во тајност сè додека не одлучиле дека сега е вистинското време за да ја споделат убавата вест.

Ед ги извести своите 18,9 милиони следбеници на Инстаграм со пораката: “Си добив вереница непосредно пред Нова Година. Ние сме многу среќни и вљубени, исто така и нашите мачки”. 

Пејачот се запозна со Шери (24) кога и двајцата биле студенти во Средното училиште “Томас Милс” во Фрамлингам, Сафолк. Веднаш откако се запознале, Ед се вљубил во убавата бринета.

Но, парот се разделил кога Шери го напуштила средното училиште за да се запише на Универзитетот Дјук во Дурам, Северна Каролина. За да се справат со врската на далечина, парот го помина најголемиот дел од 2016 година патувајќи низ светот, сè додека Ед одлучи да направи една година пауза од шоу бизнисот. За тој период Ед вели дека тоа било одлична идеја, бидејќи можел да се вљуби, бидејќи сметал дека во неговиот живот многу било тешко да се направи баланс.

Во декември истата година, Шери се префрлила да работи во Лондон за да може да се всели со Ед и после тоа парот бил многу среќен. 

Треба да знаете
Последни објави