
Под наслов „Решение е една граница со Србија“, грчкиот весник „Елефтери ОРА“, во неделното издание од 21-ви јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.
Инаку овој грчки весник важи за близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии.
Во поднасловот на текстот стои грчката химна за Македонија:
„Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ќе бидеш грчка, најголемата гордост на секој Грк, а ние грчките деца венец ти плетеме. Мекедонците не можат да живеат поробени, дури и да изгубат сè сè уште ќе ја имаат нивната слобода. Дијамантската круна на глава стави, и да те прогласиме Македонија, пак. Грчките деца ти се радуваме, прво и вие во страдањата на цел свет влезете“.

Она што посебно може да се забележи е дека во весникот пишува дека поголемиот дел од Македонија ѝ припаѓа на Грција.
Објавувањето на таква карта, придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас, е сериозна провокација за мирот во Балканот.



