Медијаторот Нимиц доаѓа во Скопје

Медијаторот Нимиц доаѓа во Скопје

Посредникот во преговорите за името Метју Нимиц во наредните десет дена ќе ги посети Атина и Скопје, објави грчката телевизија ЕРТ. Од кабинетот на медијаторот засега нема официјална потврда. Предлогот што Нимиц го испорача, треба да го анализираат македонската и грчката влада. Викендов во Скопје и во Солун протести. Премиерите Заев и Ципрас во среда на маргините на самитот во Давос ќе имаат билатерална средба, прва откако се на чело на извршната власт.

По средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со грчкиот колега Алексис Ципрас во среда во Давос, за десетина дена според грчкиот јавен сервис ЕРТ, се очекува и посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина. Според најавите, македонската и грчката влада треба да го анализираат предлогот на Нимиц што им го достави на преговарачите Наумовски и Василакис.

По вчерашниот протест во Солун одржан под мотото Македонија е една и грчка, кадешто околу 90.000 Грци рекоа „НЕ“ за терминот Македонија во решението, а меѓудругото беше запалено и нашето знаме, со реакција се јави Македонското министерство за надворешни работи, но и грчките политички партии.

Од Македонското МНР истакнаа дека Владата на Македонија останува посветена на мерките за градење доверба со цел решавање на отворените прашања и изразуваат жалење за како што велат изолираните инциденти, како вчерашниот во Солун.

„За жал сѐ уште се случуваат изолирани инциденти, како оној во Солун, предизвикани од поединци и групи кои што сеуште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение“, се вели во соопштението на МНР.

Од македонското МНР велат и дека мнозинството граѓани сакаат да развиваат пријателски односи што ќе ја унапредат билатералната соработка.

Од најголемата грчка опозициска Нова Демократија, пак, која што во моментов е за 10 проценти популарна од владеачката Сириза, велат дека масивниот народен протест во Солун, на кој што присуствуваа и нивни пратеници, го покажува незадоволството на граѓаните поради неспособноста на Владата за одбрана на националните итнереси. Лидерот на партијата Кириакос Мицотакис, изјави дека импресивното учество на протестот ја покажува големата чуствителност на Грците за ова прашње, која што и тој ја споделува.

„Ниту малите радикални елементи не можат да го сменат карактерот на овој голем народен протест. Протест кој што во исто време ја изразува огоречноста на граѓаните кон една влада што дејствува тајно и што со нејзините дела и пропусти покажува дека е неспособна да ги одбрани националните интерси“, изјави Кириакос Мицотакис, лидер на Нова Демократија.

Владата работи во насока на наоѓање на решение што ќе ги заштити интересите на земјата и стабилноста на Балканот, наспроти неодговорноста и национализмот, одговорија од владеачката Сириза. Прашањето за името е главна тема и во грчките медиуми, кои што речиси едногласно анализираат дека двете влади лесно ќе се договорат за новото име, но проблем ќе претставува обезбедувањето на јавна поддршка и политички консензус во обете земји.

Весникот „То Вима“ информира содржи корисни елементи за Атина, па затоа владата повикувала на национално единство. Ораганизаторите на вчерашниот протест на кој што беа забележани и пратеници на владиниот коалициски партнер Независни Грци, најавија нов протест во Атина, закажан за 4- ти февруари.

Треба да знаете
Последни објави