Пукање во скопско
Триесет и три годишниот Н.С. од Орланци вчера пријавил дека околу 13 часот откако со тракторот пристигнал во неговиот двор од зад грб слушнал еден истрел од огнено оружје.
-Откако се симнал од тракторот забележал дека неговиот братучед М.С. држел автоматска пушка во раце, а неговите двајца браќа се обидувале да го спречат, по што М.С. избегал. По кратко време М.С. повторно дошол до пријавителот, кој седел во дворот со неговата мајка, сопруга, како и неговите три деца и од автоматска пушка испукал неколку рафални истрели кон Н.С., по што го напуштил местото на настанот. Од пукањето нема повредени, а причина била меѓусебната нетрпеливост поради нерасчистени имотно правни односи, информираат од МВР.
На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР- Скопје и подигнати се три чаури.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.