Работна средба на министерот Димитров со амбасадорите на земјите- членки на ЕУ

Работна средба на министерот Димитров со амбасадорите на земјите- членки на ЕУ

Денес (22 јануари 2018) министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската унија во Република Македонија.

Министерот Димитров ги информираше ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.

Министерот Димитров ја реафирмираше нашата заложба за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и неопходноста од обезбедување кредибилност на процесот на интеграција во ЕУ. Исто така, информираше за конкретните реформски активности, пред се, во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите.

“Треба да ја искористиме секоја шанса за напредок. Ние ќе направиме се да ве убедиме дека можеме да бидеме фактор на успех, за нас, за регионот и за Унијата” – истакна министерот Димитров.

Од страна на ЕУ амбасадорите, беше изразена поддршка и беа упатени охрабрувачки пораки за досегашниот ангажман на владата. Истовремено беше истакната важноста од континуирано одвивање на процесот на реформи како битна претпоставка за детерминирање на натамошниот тек и динамика на европскиот интегративен процес.  Во тој контекст, амбасадорите ја нагласија неопходноста Република Македонија да се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети.

 

Треба да знаете
Последни објави