#Сега кажувам: Уредник на влијателна ТВ насилно ме влечеше во хотелска соба
На социјалните мрежи деновиве под хаштаговите #СегаКажувам #TaniTregoj, голем број жени, но и мажи споделуваат горки сведоштва за сексуално злоставување и вознемирување како поддршка на кампањата што во Македонија ја почнаа неколку граѓанските активистки меѓу кои Ирена Цветковиќ и Ана Василева.
Македонките отворено ја поддража оваа иницијатива со многу коментари, лични искуства, но и апели до жртвите на сексуалното малтретирање да ги обесат на столбот на срамот и имињата на тие што од позиција на моќ вршеле сексуално злоставување и вознемирување.
Идејата потекнува од американската иницијатива #metoo која поттикна многу жени кои со години молчеле за сексуалното злоставување јавно и отворено да проговорат за психолошките трауми.
Македонската кампања против сексуалното злоставување сведочи дека сексуалното вознемирување и малтретирање најмногу е присутно на факултетите, во здравствените установи, во медиумите, на работното место….
Новинарката Тања Милевска сподели искуство од пред десетина година во кое сексуалното вознемирување го поттикнал нејзин претпоставен, уредник во влијателна македонска телевиозија.
Активистката Ирена Цветковиќ која ја иницира кампањата обелодени дека била жртва на сексуално вознемирување од професор.
Јована Тозија е можеби единствената која се охрабри без влаkна на јазикот да го сподели своето искуство на сексуално вознемирување и името на професорот.