
За своите непријатели таа е “сталинистички прогонувач”, која им диши во врат на малите граѓани обидувајќи се само да направи име, додека за оние што ја поддржуваат е вистинска хероина.
Романија, покрај Бугарија, е една од најкорумпираните држави во Европската унија, а главен борец против таа “чума” е 43-годишната Лаура Кодрута Ковеси, која се наоѓа на чело на државната Агенција за борба против корупцијата. На таа позиција се наоѓа од 2013-тата година. Пред тоа, Ковеси била генерален обвинител на Романија, и работела во Врховниот касациски суд.
По именувањето во 2006-тата година, Ковеси била првата жена и најмлад обвинител во историјата на Романија. Таа е единствен јавен службеник кој имал должност на генерален обвинител во текот на целото траење на мандатот.
“Guardian” во 2015-тата година ја опишал Ковеси како мирен, неуморен главен обвинител кој кине скалпови, кој води “борба против корупцијата и кој е максимално истраен во таа борба, не грижејќи се за никого”.

Кодрута била омажена за Едуард Ковеси, Унгарец, но го задржала презимето по разводот во 2007-та година. Перфектно зборува англиски и унгарски.
Оваа Романка во затвор досега пратила преку 600 поткупени политичари, а само во текот на една година повеќе од 1.000 службеници поради неа завршуваат на суд, меѓу кои има министри, сенатори, градоначалници и нивните заменици, директори на државни компании и главни менаџери.
Корумпираните политичари на сите можни начини се обиделе да се заштитат од неа, носејќи нови закони и правила. Лаура, меѓутоа, за нив е неуморна хероина на која никој не може да и застане на патот.

За своите непријатели таа е нескротлив “сталинистички прогонувач”, кој им диши во врат на малите граѓани, обидувајќи се само да направи име, додека за тие што ја поддржуваат е вистинска хероина.
Сакаме да се бориме против корупцијата, но напорите треба да бидат поддржани со стабилно законодавство и институционални рамки – се работите за кои се бори Ковеси, инаку професионална кошаркарка.

Романија, инаку, поради корупцијата во просек губи 15 проценти од својот БДП, соопштил Европскиот парламент.
Во оваа држава моментално се одржуваат протести на 10.000 Романци поради законот кој го усвоил романскиот парламент, за кој критичарите тврдат дека ќе го отежне процесирањето на корупцијата на високо ниво.



