
Според официјалниот извештај на Еуростат, Италијанците најверојатно ќе исчезнат до 2080-тата година, бидејќи бројот на автохтони граѓани во оваа земја – сè побрзо се намалува.
Во наредните 60 години, повеќето жители на Италија ќе бидат со африканско или азиско потекло.
“Цифрите на нашиот демографско-истражувачки тим не се оригинални бидејќи и официјалната статистика има слични податоци. Не само што италијанските и европските власти се сосема свесни за тоа, но изгледа и дека вршат репопулација на населението до степен што и Швеѓаните ќе им позавидат”.
Италијанската стапка на фертилитет – бројот на деца по жена е 1,34, што е далеку под нивото на обновување на населението – 2,1. Сето ова се однесува на целиот европски континент. Во таа смисла Европа е како Јапонија. Разликата е во тоа што додека јапонските власти очекуваат населението до крајот на овој век да опадне за 60 проценти, европските влади предвидуваат раст на популацијата.
Зошто е така? Одговорот е едноставен. Европските лидери се определиле за населување на мигранти, додека нивните јапонски партнери не. Властите во Токио одбиваат да ги заменат своите луѓе со луѓе од други земји, бидејќи знаат дека на подолг период тој чекор ќе значи дека Јапонија ќе постои само како име.
За подобро да го разбереме демографскиот развој во Европа, Тим Гефира развил софтвер за симулација на популацијата, наречен “Церберус 2.0”. Програмот користи податоци на Еуростат и националните статистички агенции на различни европски држави.
За Италија, “Церберус” ја започнал својата симулација со нивото на популација од 1985-тата година, што е прва година за која е достапна комплетна база на податоци за стапката на фертилитет.
Почнувајќи од 1985-тата година, “Церебус 2.0” пресметал дека во 2016-тата година Италија би требало да има 55 милиони луѓе. Меѓутоа, според Италијанскиот национален институт за статистка, има 60 милиони жители, што значи дека има и пет милиони мигранти.



