
Во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд и снег. Попладне променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер особено долж Повардарието и во Пелагонија, на одредени места со брзина од 70 километри на час.
Температурата од минус три наутро до шест степени.
Од утре благо покачување на температурите и стабилно време.



