Во 2017 година, нов милијардер секој втор ден

 

Бројот на милијардери достигнал рекордно ниво минатата година, наведува организацијата Oxfam во својот традиционален извештај во пресрет на форумот во Давос.

„Осумдесет и два проценти од минатогодишното богатство се слило во џебовите на најбогатата половина на светот“, се наведува во извештајот кој го објави агенцијата Oxfam под назив „Награда за работа, а не богатство“.

Во 2017 година светот добивал нови милијардери на секои два дена, наведува Oxfam осврнувајќи се на првата листа со милијардери која американскиот магазин Форбс ја објавил во 1987 година.

Пред 30 години, постоеле 140 милијардери со вкупна актива од 295 милијарди долари (241,11 милијарди евра), а сега на листата се вкупно 2.043 милијардери со вкупно рекордни 7,7 трилиони долари. „Најбогатиот процент на светското население и понатака има повеќе средства отколку останатите жители во светот“, предупредува оваа организација.

Наспроти тоа, „3,7 милијарди луѓе кои ја сочинуваат посиромашната половина од светската популација“ немаат никаква корист од растот на средствата.

Треба да знаете
Последни објави