НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО МИНУС 10, ВО СКОПЈЕ МИНУС ШЕСТ
Минус десет степени се измерени изутринава во седум часот во Берово, Маврово и Лазарополе, најниска температура во државата, по што следат Крива Паланка и Крушево со минус осум, Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со минус шест, Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со минус пет, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со минус четири, а во Гевгелија минус еден.
Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува осум сантиметри, во Пожаране седум…
Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет, а правецот ќе биде од североисток. Максималните температури од три до оусм степени.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Температурата до шест степени.
Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини