Пукање во училиште во САД – двајца мртви, 19 повредени
Пукање во училиште во САД – двајца мртви, 19 повредени
Две лица загинаа во престрелка во средно училиште во Кентаки, а 19 се повредени. Осомничениот напаѓач е уапсен, а повеќе детали за нападот досега не се познати.
Гувернерот Мет Бевин на „Твитер“ објави дека инцидентот се случил во утринските часови по локално време во средното училиште „Маршал Каунти“.
„Пукање во средното училиште ‘Маршал’… Напаѓачот е во притвор, една потврдена жртва, повеќе повредени“, напиша Бевин.
Училиштето се наоѓа во Бентон, околу 200 километри северозападно од Нешвил, Тенеси.