Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е мошне лошо
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис смета дека сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо.
Тој за грчката агенција АНА-МПА, како што пренесува МИА, посочи дека кога се пристапува кон решавање на одреден проблем, потребно е да се земат предвид сите вклучени страни во спорот.
– Кога ќе одиш да решиш еден проблем, треба да ги видиш аспектите на сите инволвиран – рече Бутарис и додаде дека треба да биде ставен крај на иредентистичките тензии во односите со Скопје.
– Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени – додаде тој.
Во врска со протестот во Солун против користење на терминот Македонија во решението за името, што се одржа во неделаата, и во кој учество земаа околу 90 илјади лица, Бутарис смета дека таа појава воопшто не им помогнала на преговорите и не го решила проблемот.
– Несомнено митингот беше грандиозен и впечатлив – рече тој и додаде дека го гледал на телевизија.
– Разочаран сум што 25 години не преземање ништо не нè натераа да размислуваме поинаку – рече Бутарис.