Денеска судења за „Шпион“, „Транспортер“ и „Труст“

 

Во кривичниот суд денеска треба да се одржат 3 судски рочишта за предметите „Шпион“ кој според новиот распоред на судии, ќе го суди судијата Владимир Туфегџиќ, „Транспортер“, кој го презеде судијката Добрила Кацарска, и случајот „Труст“.

Два од овие три предмети почнуваат од почеток поради новиот состав на судиите. Останува само „Труст“ да го суди судијката, која и досега го водеше предметот, Лидија Трајковска Зимбовска. „Труст“ е во доказна постапка. Адвокатите на обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и правните лица на фирмите, треба да ги изведат нивните докази, по што следуваат завршните зборови и пресудата. Претходното рочиште се одложи поради болест на второобвинетиот Авировиќ.

Во предметот „Транспортер“, кој треба да почне од почеток, на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена злоупотреба на околу 360.000 евра. Обвинетите побараа да се снимаат аудиовизуелно судењата.

Треба да знаете
Последни објави