ДУИ најавува амандмани за укинување на патните трошоци

 

На денешната комисиска расправа во Собранието по однос на законските измени што ги предложи пратеничката група на СДСМ, за намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошената сума за платено гориво, пратениците на ДУИ најавија дека ќе предложат амандман по однос на законските измени. Со овие амандмани од ДУИ ќе побараат укинување на патните трошоци на сите функционери, најави пратеникот, Џевет Адеми.

Тој ги обвини новинарите дека неоправдано ги нападнале пратениците.

-Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние на мета постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас – рече Адеми.

Треба да знаете
Последни објави