Законот за јазиците се враќа во Собрание

 

Законот за употреба на јазиците повторно се враќа пред пратениците. На вчерашната координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со пратеничките групи, било договорено Законот да биде ставен на собраниска седница, во понеделник.

На координацијата не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие на прес-конференција побараа целосно повлекување на Законот, обвинувајќи дека е неуставен.

За власта пак, тој е изгласан во демократска, парламентарна процедура. Законот беше донесен на 11 јануари, но претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише и стави вето.

Сега според законската процедура, претседателот на Собранието треба да го стави законот на пленарна седница, а за да биде донесен, потребно е да гласаат 61 пратеник.

Треба да знаете
Последни објави