Девојка се фрли од зграда во Скопје
Дваесет и четири годишната А.К. од Скопје утринава околу 3.30 часот се фрлила од прозорец од зграда во Скопје.
-Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – КАРИЛ, информираат од МВР.
Истата е во животна опасност, со здобиени повеќе фрактури по телото.