Филип Темелковски оствари средба со градоначалникот на Општина Изгрев-Софија
Вчера во Софија се оствари работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и градоначалникот на Општина Изгрев Софија, Република Бугарија, Цветомир Жеков.
Средбата беше иницирана од амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија. Покрај градоначалниците на средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија Марјан Ѓорчев, како и претставници од двете општини.
На средбата се разговараше за идна меѓусебна соработка и взаемна поддршка за развој во полето на културата, спортот, инвестициите како и за европски проекти.
Градоначалникот Филип Темелковски го покани градоначалникот Цветомир Жеков на официјална средба во Општина Кисела Вода во месец април.