Судиите ќе одлучуваат за притворот на режисерот Борис Дамовски

Судиите ќе одлучуваат за притворот на режисерот Борис Дамовски

Осомничениот за крвавиот четврток во Собранието, режисерот и продуцент, Борис Дамовски, во 14 часот преку неговиот адвокат од апелационите судии ќе побара да му биде укиинат притворот кој го издржува во затворот во Шуто Оризари.

Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството вложи жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка, која беше продолжена. Досега скопска Апелација на јавни и нејавни седници ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.

 

Треба да знаете
Последни објави