Норвежаните до 2040. година ќе летаат само со електрични авиони!

Норвежаните до 2040. година ќе летаат само со електрични авиони!

Светскиот лидер во електричниот транспорт, Норвешка, си постави нова амбициозна цел во војната со загадувањето. Откако успеа да ја стимулира продажбата на електрични возила до таков степен што за некоја година по патиштата низ земјата веќе нема да има „традиционални“ автомобили, сега Владата на земјата планира да изврши револуција и во воздушниот транспорт.

Државниот авиопревозник „Avinor“, кој ги држи скоро сите домашни летови и поседува поголем дел од цивилните аеродроми во Норвешка, планира да ја замени целата флота со електрични авиони до 2040 година.

Се разбира, компанијата нема намера да ја замени и флотата за меѓународни летови, затоа што за таму се уште се прават истражувања во моделите на електрични авиони за долги летови. Главниот извршен директор на авиокомпанијата, Даг Фалк-Петерсен, вели дека нема никакви пречки за електричните авиони да ги покриваат сите внатрешни линии во Норвешка.

 

Треба да знаете
Последни објави