50 Cent случајно заработи 8 милиони долари во биткоин

 

Во 2014 година раперот 50 Cent им дозволи на луѓето да го купуваат неговиот албум „Animal Ambition“ со биткоини. Оттогаш тој не ја отворил сметката, а дури сега дозна дека е биткоин милионер.

Во 2014 година биткоинот вредеше само 662 долари, а фановите на раперот можеа да го купат неговиот албум за само дел од таа сума. Тогаш заработил преку 400.000 долари од продажбата на албумите и ја оставил сметката недопрена.

Но сега, неколку години подоцна, цената на биткоинот порасно неколкукратно и сега изнесува нешто помалку од 11.000 долари за еден биткоин. Тоа значи дека на сметката на 50 Cent сега лежат околу 7-8,5 милиони долари во биткоини.

50 Cent ја потврди оваа информација на неговите Instagram и Twitter профили.

„Не е лошо за дете од Саут Сајд, горд сум на мене“, напиша 50 Cent.
 

Тој дури и призна дека оваа добивка била неочекувана, велејќи: „Ќе бидам искрен, тотално заборавив на ова“.

Експертите веќе почнаа да го советуваат 50 Cent каде следно треба да инвестира, а еден од нив дури и се пошегува и рече дека раперот треба да вложи пари во DeepOnion, бидејќи порано цената на оваа валута изнесувала 50 центи.

Треба да знаете
Последни објави