88 годишен старец се обидел да силува соселанка во Радовишко
Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(88) од село Воиславци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Како што стои во полицискиот билтен, на 16 јануари годинава околу 8:10 часот во село Воиславци, во близина на селската продавница, Ѓ.И. се обидел да изврши полови дејствија врз жителка на селото.