Баба и дедо се спасиле од пожарот во Тетово во кој загинаа мајка и нејзините деца

Баба и дедо се спасиле од пожарот во Тетово во кој загинаа мајка и нејзините деца

Во пожарот во кој утринава настрадаа мајка и нејзините четири деца на возраст помеѓу 6 и 13 години, се спасиле 66-годишната баба и 77-годишниот дедо на семејството Зулбеари, кои спиеле во приземјето на куќата во моментот кога пламнал пожарот. Тие успеале да излезат неповредени навреме од куќата, пред да биде пепелосана од огнените јазици.

Од Секторот за внатрешни работи велат дека поради теренот било отежнато искачувањето на противпожарните возила. Кога стигнале пожарникарите неколку саати се бореле со пожарот. Единицата на Тетово интервенирала со четири возила и 13 пожарникари.

Пожарот избил на вториот кат од куќата, каде спиеле мајката и нејзините четири деца. Како што пишуваат медиумите, нивниот татко вечерта не бил дома, затоа што работел ноќна смена како чувар.

Допрва ќе се утврдуваат причините за пожарот. На терен се уште се врши увид од страна на јавниот обвинител, а пред куќата на улица „Доце Делчев“ се уште е екипа на Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Од таму велат дека семејството се греело со печка на дрва. Станува збор за куќа од постар тип, со дрвени греди. Можно е причината за пожарот да била дотраена електрична инсталација.

 

 

Треба да знаете
Последни објави