Хан: Средбата помеѓу Заев и Ципрас е добра вест
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, ја поздрави средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.
На својот профил на „Твитер“, Хан ја оцени средбата како многу добра вест и напиша дека истата покажува храброст, визија и државништво.
„Решавањето на ова прашање кое трае премногу долго ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“, напиша Хан на Твитер.