Имате чувство дека мобилниот ви вибрира, а кога ќе проверите нема ништо – ова е причината

Имате чувство дека мобилниот ви вибрира, а кога ќе проверите нема ништо – ова е причината

Колку пати ви се случило погрешно да посегнете во џебот мислејќи дека ви вибрира телефонот? Овој феномен има и име – синдром на фантомски вибрации и неверојатно е чест.

Научниците мислат дека се сме толку внимателни на телефонските повици и пораки, што дури  мали грчеви во мускулите често погрешно се толкуваат како доказ за повик.

Роберт Розенберг, асистент на Институтот за технологија во Џорџија го проучуваше феноменот кои луѓето ги доведува до заблуда. Тој вели дека луѓето ја опишуваат оваа состојба како нејасно пецкање кои тие мислат дека е сигнал за порака или повик на нивните мобилни телефони додека е намален звукот. Сепак, кога ќе се земе уредот во рака, сфаќаат дека тие не биле повикани.

„Ова се случува често, а мислев дека сум единствен, дека сум чудак“, вака ја опишуваат својата состојба, кажува Розенберг.

Се чини дека овој синдром особено влијае на луѓето кои мора да се нон-стоп достапни на нивните телефони.

Една студија од 2010 година спроведена од страна на Мајкл Ротберг со колегите откриле дека 70 отсто од лекарите во болницата во Масачусетс страдале од синдром на фантомски вибрации. А најновата студија на американските студенти тврди дека овој процент се зголемува до 90 проценти.

И покрај тоа што ова чудно чувство е широко распространето, се чини дека никој не го смета за сериозен проблем.

„Од технички аспект, тоа не е навистина синдром, но само 2 отсто од луѓето го доживуваат како  проблем“, вели д-р Розенберг.

Иако е широко распространет, научната заедница не инвестирала некои големи напори за да се проникне во суштината на овие фантомски повици.

„Луѓето мислат дека  тоа им се случува на нервна база. Когнитивните научници зборуваат за хемијата на мозокот и когнитивните промени. Сепак, тоа е тешко да се направи и не може да се докаже. Телефонот кој постојано го држиме во џебот, некако стана продолжување на нас самите. Имаме тука еден вид на подготвеност за повик. Ние чувствуваат нешто и мислиме дека тоа навистина може да биде некој повик “, рече Розенберг .

 

Треба да знаете
Последни објави