
Пред 34 години, Стив Џобс со лептир машна гордо стоеше позади коцкастиот компјутер наречен “Macintosh” кој го претстави пред јавноста.
“Macintosh” беше претставен во “Flint Center” во Калифорнија, на 24-ти јануари 1984 година. Сепак, фамозниот “Macintosh” не е првиот компјутер кој пристигна од компанијата “Apple”. Тоа свечено место го зазема “Apple 1” кој излезе во јули 1976 година.

Интересно е дека првата ТВ реклама за првиот “Mac” која била премиерно емитувана во текот на полувремето на “Super Bowl” ја режирал Ридли Скот, човекот кој е одговорен за “Alien”, “Blade Runner” и “Gladiator”.
“Apple Macintosh” го добил своето име по видот на јаболка кој тогаш вообичаено се одгледувале во Канада. Името на сортата е всушност “McIntosh”. Сепак, од сè уште нејасни причини, оригиналното име на овој компјутер требало да биде “Bicycle”.



