Најмалку две лица загинале, а неколку се повредени кога воз излетал од шините во близина на Милано на северот на Италија.
Патничкиот воз излетал од шините во околу 7 часот наутро.Неколку луѓе и натаму се заглавени во вагоните.
Се наведува дека на местото на несреќата се присутни голем број на амбулантни возила, додека болницата во градот Монца ги суспендирала сите хируршки зафати додека чекаат доаѓање на потенцијално голем број на повредени патници.