
Трамп во Цирих би требало да слета до попладне, од каде ќе тргне во Давос, каде вечер ќе приреди вечера за претставниците од бизнисот, а утре ќе одржи говор пред деловните и политичките лидери.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред пристигнувањето на Светскиот економски форум во Давос, рекоч дека таму оди “за да му каже на светот дека на Америка и оди одлично”.
“Нашата економија е посилна, и со се што правам, ќе биде само подобра…Нашата земја конечно повторно победува”, навел Трамп на Твитер пред тргнувањето кон Давос, пренесува “AP”.
Светскиот економски форум кој ги собира претставниците на светските деловни и политички елити на швајцарските Апли, е изненадувачка дестинација за Трамп, кој победил на изборите со агендата “Америка на прво место”, оценува “AP”.

Трамп во Цирих би требало да слета до попладне, од каде ќе тргне во Давос, каде вечер ќе приреди вечера за претставниците од бизнисот, а утре ќе одржи говор пред деловните и политичките лидери.
Трамп, кој како бизнисмен никогаш не бил повикан во Давос, каде се собираат претставници со крупен капитал, ќе биде првиот американски претседател на Светскиот економски форум од 2000. година, што ќе му даде шанса да зборува со некои елитни глобалисти, кои ги критикувал во изборната кампања во 2016. година.




