Утре истекува рокот за амандманите за Законот за јазиците, опозицијата подготвува сериозна дебата

Утре истекува рокот за амандманите за Законот за јазиците, опозицијата подготвува сериозна дебата

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за сите членови на законот за употреба на јазиците со цел да го спречи неговото повторно носењево парламентот. Опозициската партија се уште нема конечна бројка на амандмани со кои ќе интервенира во текстот на законот, но направила проценка дека тој е неуставен особено во делот на двојазичните пари, поштенски марки и униформите во полицијата, пожарникарските служби и во здравството. Како што наведуваат особено е неправедени кон помалите етнички заедници иако Уставот го гарантира етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на сите граѓани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во понеделник се враќа во собраниските клупи само за оваа точка на дневен ред.

Се уште нема поднесено амандман од владејчката СДСМ иако при првотот носење партијата на Заев имаше интервенции во текстот на законот. Пратеничката група, според најавите, утре на координација ќе одлучи дали ќе поднесува амандмани согласно забелешките на Иванов.

Амандмани нема да поднесува ДУИ. За Артан Груби нема потреба од нови дебати и јавни расправи за законот.

-Законот за јазиците е најкоментирано законско решение з акое се расправа од 2001 година и едиснтвено им пречи на три професорки и на одреднеи пратнеици од ВМРО-ДПМНЕ и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Артан Груби, пратеник од ДУИ.

Интервенции во текстот нема да имаат ни од БЕСА коментирајќи дека унитарниот карактер на државата не го загрозуваат албанскиот јазик кој го зборуваат 25 отсто од населението во државта.

-Унитарниот карактер на државата ја загрозуваат неодговорните политики на политичките претставници и носителите на јавните функции и унитарниот карактер на државата го гледаат како право и сопственосѕа на македонската етничка заедница и дека сите други заедници треба да бидат послушни, изјави Фадил Зендели, пратеник на БЕСА.

Законот за употреба на јазиците во понеделник е на седница за трето читање откако Иванов стави вето и не го потпиша указот за негово прогласување.

Пратениците до петок може да поднесуваат амандмани согласно забелешките на претседателот.

Треба да знаете
Последни објави