ВЛАДО СИМЈАНОВСКИ НОВ КОМАНДИР НА ПС „КАРПОШ “

ВЛАДО СИМЈАНОВСКИ НОВ КОМАНДИР НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА  „КАРПОШ “

На денешната шеста седница на Советот на Општина Карпош, советниците расправаа по вкупно 32 предлог точки. Предлог – заклучоците од Извештаите за реализација на Програмите во областа на детската, социјалната и здравствената заштита, образованието, спортот и културата, информатичката технологија и областа за развој за изминатата 2017 година беа дискутирани и усвоени.

Исто така советниците ги усвоија Програмите за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето на градежното земјиште, во сопственост на Република Македонија за 2018 година.

На денешната седница командирот на Полициската станица „Карпош“ детално елаборираше за активностите на полицијата на територијата на локалната самоуправа во изминатата 2017 година. Како што нагласи и самиот тој на свое барање до Министерството за внатрешни работи, командирот ќе биде прераспределен на друга работна позиција.

Согласно надлежностите на Советот на Општина Карпош, денеска советниците го изгласаа за нов командир на ПС „Карпош“ Владо Симјановски. Од вкупно три кандидати Симјановски, во своето работно портфолио, со дводецениски работен стаж во матичната полициска станица во Карпош ги исполнува сите предуслови, на висина на задачите да ја извршува оваа одговорна функција во областа на безбедноста на граѓаните. Како што нагласи и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, во интерес на граѓаните на Карпош, грижејќи се за нивната безбедност и сигурност, Советот на локалната самоуправа во најбрз можен рок ја ставил на дневен ред оваа предлог – Одлука, се со цел, да не се остави кадровски празна,оваа безбедбосно витална функција за карпошани.

На оваа седница беа разрешени и именувани членови на управни одбори во детските установи „Орце Николов“,„Распеана Младост“ како и во градинката  „Мајски Цвет“.

Треба да знаете
Последни објави