Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во контејнер, предложиле намалување на глобите
Дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазици најдени во контејнер до Собранието. Порталот „Република“ објави фотографии од заверени амандмани, фрлени во ѓубре. Не е познато како документите се нашле таму.
Според она што го пишува на нив, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложила намалување на казните предвидени за институциите кои нема да го почитуваат Законот. Па така на еден амандман се предлага намалување на глобите од 4.000 и 5.000 евра, на 3.201 и 5.000 денари. На друг се предлага намалување на 130 и 515, но не е наведена валутата, поради што самиот предлог би бил неважечки и не би можел да се завери.
На друг амандман, пак, се предлага намалување на 668 и 5.000 денари.