Двајца млади нападнале полицаец на Шапка
Полициски службеник бил нападнат вчера во 11.10 часот на паркингот пред Полициското одделение Попова Шапка, соопшти полицијата.
А.Ќ.(26) од селото Неготино, Гостиварско и И.Џ. (22) од Градец, општина Врапчиште го нападнале полицискиот службеник. Двете лица се приведени во Полициско одделение Попова Шапка, каде се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.