Питон го убил својот сопственик, а истрагата открила неверојатна причина за смртта
Африканскиот питон долг два и пол метри, кој го убил својот сопственик, можеби се замотал околу неговиот врат со цел да покаже приврзаност отколку агресија, смета истражувачкиот тим.
Љубителот на животни Даниел Брендон (31) починал како последица од гушење, на 25-ти август во својот дом во Хемпшир.
Кога полицијата пристигнала на местото, тие забележале дека една од неговите 10 змии по име Тајни (Tiny), која Брендон ја чувал 16 години, се крие во ќошот од собата.
Како што изјавила неговата мајка Барбара за локалните медиуми, Брендон чувал 10 змии и 12 тарантули во својот дом, но Тајни билa неговото “бебе”.
Ендру Бредли од истражувачкиот тим открил дека Брендон починал по контактот со Тајни, но дека смртниот случај е несреќа. Тој додал и дека не верува дека смртта на Брендон настанала поради агресија.
“Немаме никаков друг доказ освен Тајни и затоа морам да прифатам дека таа го убила Брендон. Не верувам дека тоа било акт на агресија”, изјавил Бредли.
Ендру додал и дека змијата веројатно потоа се сокрила “поради шокот од неговата реакција или пад”.
Патологот д-р Адман ал-Бадри изјавил дека немало одредени знаци на давење на вратот на Брендон и дека гушењето настапило бидејќи жртвата просто се “исклучила”. Исто така, на кожата на змијата немало гребаници кои би укажувале дека Брендон пробувал да се ослободи.
Сепак, неговата мајка вели дека Брендон бил посебно внимателен со Тајни бидејќи бил свесен колку е силна.
“Престана да ја става околу вратот бидејќи беше многу силна и непредвидлива”, раскажала Барбара и додала пред судот дека ноќта пред неговата смрт слушнала гласен удар од горниот кат на куќата, но помислила дека нешто паднало.
Кога таа се качила горе да го викне својот син на вечера, го пронашла како лежи без свест во спалната соба.
“Лежеше со лицето кон подот. Имаше 10 змии и 12 тарантули, но не можев да ја пронајдам Тајни. Пробував да го освестам и повикав помош. Тајни ја пронајдоа подоцна, скриена под една кутија”, раскажала таа.
Лекарите кои пристигнале за осум минути во нивниот дом сепак не успеале да го реанимираат Даниел.