Собрание: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, сите амандмани се архивирани од службите
Собранието најостро ги демантира наводите за фрлени амандмани, од причина што сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени во собраниската архива, велат од одделението за односи со јавноста.
„Поголем дел од поднесените амндмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент. Со оглед на големиот број на поднесени амандмани Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија и во текот на денешниот ден, сè до целосно завршување на процесот. По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амнадмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста“, се наведува во соопштението од собраниските служби.
Од законодавниот дом додаваат дека според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието и апелираат политичките субјекти да се воздржат од шпекулации и да не ја дезинформираат јавноста, затоа што тоа, според нив, штети на угледот на Собранието и на тековните реформски процеси.