Барање на Викторија Лоба за државјанство на дневен ред на владина седница

Барање на Викторија Лоба за државјанство на дневен ред на владина седница

Во петокот Владата на Република Македонија ја одржа 51-та седница на која прва точка од дневниот ред беше барањето на пејачката Викторија Лоба за државјанство на РМ. Во соопштението од таа седница немаше никаква информација за судбината на тоа барање.

На таа седница Владата реши да даде еднократната помош за семејството Зулбеари, чии 5 члена, мајка и 4 деца, настрадаа во пожар, реши за в.д. директорка на Државниот комунален инспекторат да ја именува Елизабета Јованчева, а Рамадан Рамадани стана директор на Културниот центар во Истанбул.

 

Треба да знаете
Последни објави