По подолго од три часа изгласан дневниот ред, Законот за јазици осма точка

По подолго од три часа изгласан дневниот ред, Законот за јазици осма точка

По жестоките расправии, обиди за отстранување на Законот за употреба на јазици од дневиот ред, пратениците конечно го изгласаа дневниот ред за денешната седница. По одбиените четириесетина предлози за измени на дневниот ред и по повеќе од три часа откако започна седницата, мнозинството успеа да го изгласа дневниот ред, а Законот за употреба на јазиците е осма точка.

За него, опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани, од кои повеќе од 33.000 се однесуваат на членот во кој се предвидуваат казни за непочитувањето на законот.

Целта на опозиционерите, како што кажа пратеникот Илија Димовски, е да се закочи носењето на законот во одредена фаза да може да се слушат сите релевантни фактори односно да се спречи нетранспарентното носење.

Овој закон ја врати ВМРО-ДПМНЕ во собраниските редови, а со тоа се врати и тензичната атмосфера.

Тие бараа паузи, но им беше одобрена само една односно онаа кога побараа да ги разледаат материјалите за предлогот за избор на потпретседатели на Собранието. Сепак, неофицијално, оваа точка во текот на седницата ќе биде отстранета. Другите барања за паузи им беа одбиени, а покрај овие ВМРО-ДПМНЕ бараше и низа процедурали обраќања поради што влегуваа и во расправии со претседателот Талат Џафери. Тие застануваа пред него за да се објаснат, а тој им исклучуваше микрофони.

Во моментов во тек е пауза од еден час, а околу 17 часот се очекува да продолжи собраниската седица, но неизесно е дали за Законот за употреба на јазиците ќе се расправа денеска.

 

Треба да знаете
Последни објави