Богданивиќ оствари средба со кинеската амбасадорка

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лиџијан.

Оваа година, Република Македонија и Народна Република Кина одбележуваат 25 јубилејни години од воспоставувањето на дипломатско-конзуларни односи меѓу двете држави. Во јубилејната година, ќе се организираат низа манифестации кои ќе ја потврдат и продлабочат добрата соработка меѓу Македонија и Кина, информираат од општината.

Општина Центар е збратимена со областа Шиченг од Пекинг. Областа Шиченг е администравен, културен и политички центар на Пекинг. Општината е седиште на Владата и на сите институции од областа на финансиите и економијата, културата, образованието, здравството, спортот и туризмот.

Соработката со областа Шиченг од Пекинг за општина Центар ќе биде од големо значење, бидејќи размената на искуства, знаења и примената на добри практики ќе придонесат за подобри и поквалитетни услуги за жителите на општината.

Треба да знаете
Последни објави