Џафери: Ако ВМРО-ДПМНЕ делува политички, ќе делувам и јас
„17 илјади амандмани се преведени. Се работи за живи луѓе, не знаеме до кога ќе бидат преведени. Законот треба да биде донесен во рок од 30 дена. Тие амандмани се понесени за да не се донесе законот. Има процедурална форма, но целта е политичка. Кога зборуваме за процедурата, имаше амандмани во второ читање. Тука, се употребува процедурата за да се направи политика“, вели Џафери
Според Џафери, одлуката за аманманите нема реална цел, бидејќи тие ветиле дека нема да се донесе законот. Тој дополнува дека тоа не е прашање кое го засега него, како претседател на Собранието, туку на политичкиот субјект кој ги поднел амандманите
„Во член 1 или во наслов има 33 амандмани, за член 9 има 222 амандмани, а овој член нема повеќе од 200 зборови. Член 5 има 318 амандмани. Законот има 8 страни, по 500 зборови, вкупно 4000 зборови. Фактични за 4000 зборови има 35 илјади амандмани. За член 22 има 33 844 илјади амандмани“, додава Џафери.
Претседателот на Собранието вели дека реалните барања биле со аманманите пред првото гласање, а сега секое можно прифаќање на еден амандман, базата за тоа е оспорување на уставноста.
„Во парламентарната процедура, законот ги има поминато сите филтри и е во согласност со Уставот. Според член 141 на деловникот, каде е ставено санкционирањето, вика дека законодавно-правната комисија има надлежност да дебатира за усогласувањето на законот со уставот и заклучоткот на комисијата е дека законот е во согласност со уставот. Тука завршува надлежноста на Собранието, бидејќи пленумот работи врз основа на работното тело кое има надлежност да направи вреднување. Не може сега да се врати Собранието, да прави повторно вреднување на процедурата. Ние сега ќе се судриме со нашата комијисја ако одиме во таа насока“, додава Џафери.
Талат Џафери вели дека од формално-правна смисла е донесен. Тој се надева дека ќе ги повлечат амандманите, а пак, дека ќе ја поправат комуникацијата со граѓаните албанци.
„Законот за јазици не може да има иста судбина како Законот за бранители. Не е иста процедурата, ниту постапката. Таму Собранието не било блонирано, туку Комисијата, туку се работело кога се можело, по таа точка. Тука има разлика што се работи за работа на пленарна седница. Јас ако решам да го терам амандман по амандман, ќе го терам. Ако тие не сфатат дека ова е во штета на албанците, тогаш ќе преземам други чекори“, вели Џафери.