
Ед Ширан од 2015 година е во врска со неговата Шери Сиборн, девојката од неговото детство, од неодамна се верија, па ирскиот пејач купил четири имоти кои се наоѓаат во близина на неговата вила во англиското село Сафолк.
“Има во план да направи “царство” за нивниот заеднички живот. Сака да изгради подземно кино, а во градината ќе посади дрво со вишни во чест на името на неговата девојка”, вели неговиот пријател.
Соседите на Ед велат дека тој е добро момче и секогаш е добро расположен. Тие се пошегуваа дека доколку Ед пушта гласна музика, нема да му замерат.

Според нацртите кои излегоа во јавноста, Ед планира да изгради музичко студио покрај две простории за забава. Исто така, Ед има и кафе бар на неговиот имот кој се наоѓа под земја, во кој може да се влезе откако ќе го поминете тунелот кој врви низ куќата.

“Се снабдив со сите пива кои ги сакам. Кога правам забава сите се префрламе во подземниот бар”, изјави Ед.
Неговите пријатели велат дека Ед сака да има совршен дом, бидејќи наскоро планира да ја направи венчавката со неговата вереница со која би сакал да има големо семејство.



